Романски војници давале мито за да заминат во Авганистан

Од:

Припадници на воената елитна единица од романската армија „Црвени скорпии“ давале мито за да бидат испратени во Авганистан, јави БТА.

Во жалбите поднесени од војниците се наведува дека членовите на комисијата земале пари за да напишат дека тие се во добра физичка и ментална подготвеност.
Романскиот министер за национална одбрана Мирча Душа наредил да се покрене истрага за наводите од војниците.

Во јули 2002 година Романија испрати околу 1.700 војници во авганистанската провинција Забул во составот на ИСАФ. Покрај основната плата војниците добивале и дополнителни 71 евра на ден. Во изминатите години во Авганистан убиени се вкупно 20 романски војници, а десетици се тешѓко повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет