Романската принцеза уапсена во САД поради борба со петли

Од:

Романската принцеза Ирина Вокер (60) и нејзиниот сопруг Џон Весли Вокер (67), инаку поранешен заменик шериф уапсени се синоќа во американската сојузна држава Орегон, под обвинение дека учествувале во организација на борба со петли.

Обвинението ја товари брачната двојка дека на својот ранч во близина на градот Иригон организирале борба со петли и незаконско обложување.

Локалните медиуми наведуваат дека Ирина Вокер, позната под името Ирина Кројгер е ќерка на последниот романски крал.

– Одржувањето борба со петли е спротивно со федералните закони и законите на сите 50 американски сојузни држави, изјави државниот обивинител на Орегон, Аманда Маршал.

– Освен што претставуваат варварска пракса, борбата со петли го загрозува јавното здравје и безбедност и поттикнува на други кривични дела, потенцираше Маршал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет