Романија планира да ја анектира Молдавија, според рускиот вицепремиер

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску планира интегрирање на Молдавија во Европската унија и потоа нејзино анектирање кон Романија, објави на својот профил на Твитер, рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин.

– Тројанскиот коњ подготвил за Молдавија две етапи: Прво интегрирање во ЕУ, а потоа анектирање од страна на Романија, напиша Рогозин.

Коментарот на Рогозин доаѓа по средбата на Басеску со претседателот на молдавискиот Парламент Игор Корман.

На средбата, која се одржа во понеделникот, Басеску изрази загриженост дека Молдавија може да го повтори ерменското сценарио.

Како одговор на коментарот на Рогозин претседателот Басеску изјави дека Романија никогаш не изразила намера за анектирање на друга држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет