Романија ја легализира марихуаната за медицинска употреба

Од:

Романија ја легализира медицинската марихуана, со што стана десеттата земја-членка на ЕУ која дозволи употреба на производи од ова наркотично средство за медицински цели.


Досега во земјата употребата на канабис во било каква форма беше забранета.


Производите, кои содржат марихуана, се користат за намалување на болките и честите кризи кај болните од епилепсија, рак, склероза и други тешки болести. Моментно се спроведуваат тестирања за нивна ефикасност при лекување на Паркинсова болест, Алцјамер и синдромот на Турет.


Пред две недели и Франција ги отстрани од „црниот список“ производите кои содржат марихуана. Овие лекови, кои се даваат само на рецепта, во најбрзо време треба да се појават во аптеките.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија