Романците повлекуваат пари од банките поради страв од воведување антикризни мерки како на Кипар

Од:

Во банките во Романија се забележува паника во врска со финансиската ситуација на Кипар. Откако властите во Никозија се согласија со барањата на меѓународните кредитори за оданочување на депозитите над 100.000 евра, голем број штедачи во Романија ги повлекуваат своите пари поради страв од евентуален притисок врз Букурешт да го прифати кипарскиот пакет антикризни мерки.

– Добивме информации дека некои клиенти започнале со повлекување на своите влогови, посебно оние кои имаат над 100.000 евра. Нема причина за подигнување на заштедите. Романија ја гарантира неприкосновеноста на влоговите, а со тоа и на банката „Марфин Романија“, чиј главен акционер е Народната банка на Кипар, која е во ликвидација, увери денеска гувернерот на романската Централна банка Мугур Исареску.

Според него, исто така, голем број штедачи ги префрлаат парите од мали и средни банки во поголеми.

Тој оцени дека појавената паника меѓу граѓаните нема да има посериозни последици врз банкарскиот систем во земјата.

– Нема никаква сличност меѓу ситуацијата на Кипар и оваа во Романија. Не само што нема сличност, туку постои разлика од земјата до небото, нагласи Исареску.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет