Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Од:

Турција ги интензивира разговорите со западните сојузници во обид да ги модернизира своите воздухопловни сили и да ја врати стратешката предност во регионот, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.

Анкара, членка на НАТО со втора најголема армија во алијансата, купува 40 европски авиони „Еурофајтер Тајфун“, како и американски авиони „Ф-16“ и „Ф-35“, и покрај претходните санкции на САД што ја блокираа продажбата поради купувањето на рускиот систем за воздушна одбрана „С-400“ од страна на Турција, објави Ројтерс.

По израелските воздушни напади низ Блискиот Исток и зајакнувањето на воздушната моќ на Грција, турските власти стравуваат од технолошко заостанување и ранливост во воздушната одбрана, додаде агенцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда