Родителите го оставиле детето во автомобилот во Загреб и влегле во пекарата- следела вистинска драма

Од:

Врискотници и очајнички повик за помош одекнаа вчера по улицата Буковачка во Загреб додека маж и жена се обидуваа да го запрат „реното“ со загрепски таблички.

Минувачите биле зачудени бидејќи веднаш не разбрале што се случува.

Но, набрзо дознале дека преплашениот маж кој трчал по автомобилот, претходно го оставил да работи под сите четири трепкачи додека набрзина влегол со сопругата во пекарата оставајќи го нибното детето внатре во автомобилот.

Накратко влегол во пекарата, не ни помислувајќи дека тоа го забележал крадец, кој решил да влезе во неговото „рено“, ја притиснал педалата за гас и побегнал.

Како што дознава „Јутарњи лист“, крадецот почнал да се оддалечува по Буковачка, па се префрлил на Црнчиќева, а откако влегол во Чикошева улица, решил да избега од ситуацијата.

Го оставил автомобилот да работи на таа улица со клучот внатре, па ја затворил вратата бидејќи очигледно предоцна сфатил дека не само што украл автомобил, туку и нечие дете.

Како што се дознава, родителите во очајна потрага сами го пронашле возилото и за среќа неповреденото дете, а полицијата интензивно води кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се пронајде сторителот кој ја искористил приликата да го украде автомобилот и детето.

Во околните улици се прегледува видео надзорот за да се реконструира текот на бегството.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска