Рикер им порача на Дачиќ и Тачи да ги нормализираат односите

Од:

Високиот функционер на американскиот Стејт департмент, Филип Рикер во разговорот со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ даде целосна поддршка на дијалогот Белград-Приштина и ги охрабри Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи да продолжат да се ангажираат за нормализација на односите.

Американски дипломатски извори додале дека заменик помошникот на шефот на американската дипломатија на Дачиќ му пренел дел американскиот државен секретар, Џон Кери силно ја подржува заложбата на претставничката на ЕУ, Кетрин Ештон и напорите на владите во Белград и Приштина.
Рикер во разговорот на Тачи му нагласил дека САД дава поддршка на двете страни и му честитал за личното и ангажирањето на косовската влада.

Американскиот дипломат уште еднаш потврди дека САД го подржува територијалниот интегритет на Косово и дека се залага за напредок на дијалогот, за изградба на добрососедски односи и евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ