Рикер ги нарече активистите на косовското „Самоопределување“ кловнови

Од:

Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер, коментирајќи ги неодамнешните активности на косовското движење „Самоопределување“ во Парламентот на Косово, изјави дека „кловновите треба да знаат оти таквото однесување не е добро за земјата“.

На изјавата на Рикер реагираше организацскиот секретар на „Самоопределување“, Дардан Молиќај, кој најави дека следната недела партијата ќе испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери.

– Ова е недемократски јазик. Американскиот авторитет не може да се гради врз критиките на еден политички субјект, изјави Молиќај.

Рикер, како што јави дописникот на МИА, при посетата на Приштина и честитал на косовската Влада за Договор постигнат со Србија во Брисел и за почетокот на неговото имплементирање, нагласувајќи дека тоа го носи Косово во правец кон ЕУ.

– Во последните недели видовме голем напредок во регионов. Сакам да и честитам на Влатата на Косово за постигнатиот договор и за почетокот на неговата имплементација.

Ратификација на договорот го носи Косово во правец кон Европа, изјавил Рукер при вчерашната средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Рикер оцени дека Законот за амнестија, кој произлегува од дијалогот во Брисел, е добар за Косово и го осуди однесувањето на партиите, кои, според него, сакаат да применуваат сила врз Парламентот.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски