Ригас: Со Договорот од Преспа постојат предуслови да излеземе од ќор-сокакот од претходните години

Од:

Со Договорот од Преспа постојат предуслови да излеземе од ќор-сокакот во корист на Балканот и на двете земји, вели алтернативниот министер за одбрана на Грција, Панајотис Ригас во интервју за грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Станува збор за долгогодишен проблем што во никој случај не го создадовме ние. Претходните влади инвестираа во екстремен национализам, а не во патриотизам, одведувајќи ја ситуацијата до ќор-сокак. Но, денес, постојат предуслови за да излеземе од овој ќор-сокак во корист на Балканот, на Грција и на ПЈРМ. Во овие рамки, како земјите од Европа, така и САД, сакаат да се реши конкретното прашање бидејќи сфаќаат дека на Балканот не му се потребни нови проблеми, вели Ригас и истакнува дека основните работи што треба да ја засегаат Грција се поврзани со Турција.

Алтернативниот министер за одбрана на Грција, во интервјуто говори и за стратешкиот дијалог на високо ниво меѓу САД и Грција, што следниот месец ќе се одржи во Вашингтон, а се однесува на проширување на односите меѓу двете земји во сите области.

Ригас открива дека дел од овој стратешки дијалог се и „економските и енергетските прашања со главен критериум, развој на Балканот“.

– Со политиката на владата, нашата земја ја зацврсти нејзината позиција како столб на стабилност во регионот, и веќе е во фокусот на интерес за повеќе соработки. САД, традиционално го имаа погледот насочен кон нашата земја, но ова беше на едно – димензионален начин, особено во однос на воениот дел. Но, сега условите се созреани за да се бараат соработки во една проширена економско – политичка област што ја вклучува и воената соработка во рамките на евро- атлантската алијанса. Ова е содржината на стратешкиот дијалог Грција – САД што се систематизира, а одлучувачка улога одигра последниот Меѓународен саем во Солун, каде што САД беше почесна земја, објаснува алтернативниот министер за одбрана на Грција, во интервјуто за „Документо“.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите