Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Од:

Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „One Chanel”.

Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.

– Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна заемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава, вели Заев.

Тој оценува дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка, регионална стабилност. Благодарение на Преспанскиот договор, вели тој, Северна Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и останатите партнери гради посветла иднина за наредните генерации.

Според Заев, европската агенда за државава не е сон, туку реалност, бидејќи, како што наведува, добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија. – Тоа ме прави оптимист. Останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година, наведува Заев.

Поранешниот премиер потенцира дека чекањето и ставањето на европските интеграциски процеси на пауза не е стратегијата која ни треба.

-Мора да останеме во процесот на преговори и да се движиме напред за да бидеме препознаени како земја која ги промовира европските демократски вредности, вели Заев, посочувајќи дека месеците кои следат ЕУ ќе донесе клучни одлуки во однос на проширувањето и реформите внатре во Унијата.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став