„Револуционерна самоодбрана“ ја презеде одговорноста за нападот врз канцелариите на ПАСОК

Од:

Досега непознатата анархистичка организација „Револуционерна самоодбрана“ ја презеде одговорноста за вооружениот напад врз седиштето на на социјалистичката партија ПАСОК во Атина во пресрет на евроизборите на 25 мај, пишува весникот „Вима“.

Во соопштението на организацијата се наведува дека нејзини членови со автомати Калашников отвориле оган кон прозоците на зградата.

Групацијата ја обвинува партијата ПАСОК за тоа дека одиграла историска улога во корист на капитализмот и оти нејзиното доаѓање на власт било поддржано од буржоаските  кругови, со цел да се уништи класната борба.

Грчките анархисти предупредуваат дека подготвуваат нови вооружени напади, напоменувајќи дека истрелите против седиштето на ПАСОК биле само вовед.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески