Репортажа на РАИ: Албанија е врата на џихадот

Од:

Преку Црна Гора се шверцува оружје од Албанија, а во крвавите настани во Париз, на 13 ноември минатата година, е употребено оружје набавено од овој шверцерски канал, информира италијанската телевизија РАИ во репортажата „Албанија – врата за џихадот“, пренесе Танјуг.

Репортажата, што беше емитувана и од албанската телевизија „Ора њуз“, почнува со кадри на чамец полн со оружје и шверцери, што во текот на ноќта плови преку Скадарско езеро меѓу Албанија и Црна Гора. Снимено е и како двајца мажи ги растоваруваат сандаците со оружје и како ги кријат на брегот, од каде следниот ден ги преземаат други луѓе.

Според репортерот, такво оружје е употребено во атентатите во Париз, на 13 ноември.

Според италијанската телевизија, Балканот е центарот за врбување на џихадисти. Над 1.000 Албанци учествуваат во странските вооружени конфликти и Албанија е земјата со најмногу џихадисти според бројот на населението.

Во репортажата е опишан и начинот на кој функционира црниот пазар на оружје. Албански шверцер кажува дека најбарани се автоматите АК47, старите советски пиштоли и оружјето од поранешна Југославија. Според него, автоматите „Калашњиков“ чинат од 400 до 450 евра.

Оружјето тргнува со рибарски чамци и бродчиња од Драч или Валона, за на крајот  да дојде до раце на мафијата или на терористите, се наведува во репортажата на РАИ.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски