Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Бугарија

Од:

Во Бугарија има 4979 новозаразени со Ковид-19, според податоците во Националниот информативен систем. Ова претставува 18,6 отсто од направените тестови.

Случаите се 3979 повеќе отколку во понеделникот. Досега се потврдени вкупно 545.598 случаи на коронавирус во Бугарија, од кои 63.241 се активни. Во последните 24 часа оздравеле 2009 лица, додека таа бројка од почетокот на пандемијата изнесува 459.869 лица.

Бројот на нови пациенти во болниците е многу висок – 1251, при што 89,21 отсто од нив не се вакцинирани. Важен детал е дека 84,23 проценти од позитивните примероци за тој ден не се вакцинирани. Рекорден е и бројот на починати во последното деноноќие – 214, при што 94,39 отсто биле невакцинирани против Ковид-19.

Вкупниот број на смртни случаи во Бугарија од Ковид сега изнесува 22.488. Вкупниот број на пациенти со докажана инфекција со коронавирус во болниците е 6.258, од кои 537 се на одделенија за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата се направени 5.114.963 тестови, а за последните 24 часа 26.780.

Во Бугарија досега се дадени вкупно 2.634.699 дози вакцини против Ковид-19.

Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров размислува за воведување дополнителни рестриктивни мерки, од кои едната е воведување на „зелен сертификат“ за имунизираните лица, кои ќе можат да посетуваат ресторани и кафулиња. Истата мерка најверојатно ќе биде воведена за лекарите, медицинските сестри, социјалните работници и наставниците, но не и за учениците.

Би можело да ве интересира

Ковид-19: Израел ги затвора границите за странци

Ана Ололовска

Сијарто: Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат и западните експерти, но за тоа молчат

Ана Ололовска

Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Ана Ололовска

ГАВИ: Појавата на сојот омикрон е показател на неправедната распределба на вакцините во светот

Ана Ололовска

Истражување: Кога Кина би ги следела западните пристапи, ќе ја распламти епидемијата

Ана Ололовска

Светска медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид-19 ќе треба да се дава секоја година

Ана Ололовска