Илјадници луѓе денеска учествуваа на протестите во Јабланица кои беа организирани за поддршка на Ениса Клепо, која пред неколку дена беше брутално претепана од сопственикот на хотелот „Јабланица“ каде што работеше.
Граѓаните со бројни транспаренти со текстови за поддршка на Клепо најпрво се собраа во центарот на градот, а потоа се упатија кон споменатиот хотел каде извесно време протестираа.
Претходно Ениса ја посети и градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ, која и понуди поддршка, а на денешните протести се приклучија и сојузниот министер за труд и социјална политика, Аднан Делиќ, како и Муриз Мемиќ и многу други.
Во вторник во 20:50 часот Д.К од Јабланица во Полициска станица Јабланица пријавила дека нејзината ќерка Ениса Клепо (1995) била физички нападната и повредена од Амир Џафиќ (1979) во хотелот „Јабланица“, поради тоа што барала да и се исплати јулската плата.