А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притворен насилник кој крвнички ја тепал поранешната девојка и нејзината 6-годишна ќерка

by А1он25/01/2023 - 10:2225/01/2023 - 10:253251
Share0

Триесет дена притвор му одреди истражен судија на насилник од Кавадарци кој од Основното јавно обвинителство во Гевгелија е осомничен за кривично дело насилство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од ОЈО велат дека откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци.

„Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре. Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето. Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош.

Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ. Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура.

Следете a1on на Youtube YouTube

Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители. Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче“, тврдат од Обвинителството.

nasilstvopretepana devojka

Би можело да ве интересира

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Горан Наумовски16/07/2026 - 13:24

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Горан Наумовски14/07/2026 - 18:30

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:14

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 14:5011/07/2026 - 15:48

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Предраг Петровиќ06/07/2026 - 19:02

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 14:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео