Девојка брутално претепана од двајца мажи

Од:

На социјалните мрежи утринава беше споделено видео на кое се гледа како двајца мажи во влез од зграда, најверојатно во Штип, брутално тепаат девојка со клоци, додека таа лежи на земја и ги моли да престанат.

Според она што може да се слушне од видеото, еден од двајцата насилници ѝ се обраќа со зборовите: Бремена ли си од мене? Бремене од мене? Моето име да го заборавиш веќе, чу ли?!, додека другиот го охрабрува да ја удри девојката уште еднаш.

На социјалните мрежи веќе се шпекулира и со имињата на двајцата насилници чии ликови јасно се гледаат на видеото, и се бараат најстроги казни за нив.

Заменикот министер за внатрешни работи Славјанка Петровска се јави со реакција на својата ФБ страница.

„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување” напиша таа.

Од МВР веднаш потоа известија дека двете лица од Штип се пронајдени и уапсени.

Би можело да ве интересира

Директорка на детска градинка во Штип исплатила 2,6 милиони денари за детски реквизити кои не биле доставени

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

ВИДЕО: Канадски политичари прошетаа во розови штикли

Уапсени малолетници кои краделе низ Штип

Повторно земјотрес во Штип

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Горан Наумовски