Претепана работничка од Мостар затоа што барала плата: Ме одвлечка каде нема камери и ме маваше

Од:

Претепаната работничка на хотелот „Јабланица“ во Мостар тврди дека била нападната од сопственикот бидејќи не сакала да си оди додека не ја земе платата. Ениса Клепо (27) ги откри деталите за случајот кој ја вознемири јавноста во Босна и Херцеговина. Таа тврди дека на менаџментот на компанијата му кажала дека дава отказ и дека и други колеги објавиле дека го напуштаат хотелот.

„Со аргументи и факти се соочив со директорката на хотелот, а таа ми се закани дека ќе му се јави на нејзиниот сопруг кој е и сопственик. Кога дојде и тој и нему му го кажав истото, дека нема да излезам од зградата додека не ја добијам платата што ја заработив за јули, со оглед на тоа дека веќе беше почеток на август“, изјави Клепо.

Клепо тврди дека тогаш почнало злоставувањето. “Ме удри со тупаница. Потоа почна да ме турка. Неговата сопруга и готвачот побегнаа додека готвачката стоеше меѓу нас, но таа не беше повредена. Потоа ме одвлечка до ходникот каде што нема видео надзор. Таму бев брутално претепана. Најмногу ме удри со тупаници по глава и ми удри шлаканица. Во исто време ме навредуваше дека сум клошар“, рекол Клепо.

Таа наведува дека успеала да ги земе работите и да го напушти хотелот дури кога директорот престанал да ја тепа. Веднаш ги повикала родителите кои ја однеле најпрвин во Итната помош, а потоа и во болницата во Мостар каде и биле констатирани тешки повреди. Клепо има јасна порака до јавноста. Ги повикувам сите да дојдат и да ме поддржат на протестите на почетокот на следната недела, за што јавноста ќе биде благовремено информирана“, изјави Клепо.

Полицијата претходно соопшти дека во вторник во 20.50 часот Д.К. од Јабланица пријавила дека во Хотел „Јабланица“ нејзината ќерка Е.К. (27) физички го нападнал А.Џ. (44) и и нанел видливи повреди. Осомничениот е приведен. „Дежурниот лекар во КБЦ Мостар ја известил Полициската управа во Мостар дека Е.К. се здобил со тешки телесни повреди. Сепак, газдата на хотелот според непотврдени информации, излегол од притвор пред Клепо да ја напушти болницата.