Притвор за двајцата штипјани кои претепаа девојка, изрече судот

Од:

Судот определи притвор за тепачите кои малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена, додека Овинителството да донесе одлука дали ќе поднесе обвинение против нив. Тие се гонат за кривичното дело насилство. Осудмневниот притвор е максимален што може да се определи за двајцата штипјани, бидејќи за делото за кое се сомничат, превидена е казна затвор до пет години.

Осомничените во текот на јануари 2020 година, според доказите собрани од Обвинителството, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата.

„Со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопштија од обвинителство.

Притворот за двајцата тепачи е определен по барање на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа