Реформскиот блок против распуштање на бугарскиот Парламент

Од:

Подготовката за бугарското претседавање со Европската Унија и спроведувањето на реформите во изборното законодавство се доволно силни аргументи за продолжување на работата на сегашниот бугарски парламентарен состав, изјави Костадин Марков од коалицијата Реформски блок, која моментно е трета политичка сила во Бугарија.

Како што јави БТА, ваквиот став на Марков доаѓаат по изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Брисел дека постои можност за формирање нова влада во Бугарија.

Марков изрази загриженост околу капацитетите на Бугарија да претседава со ЕУ, доколку влезе во фаза на технички влади.

Според него, тоа е силен аргумент за „продолжување на животот на сегашниот Парламент и за формирање нова Влада“, заедно со потребата од промените на Изборниот законик.

Жељо Бојчев од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) пак, изјави дека стравот од евентуална техничка влада што би ја именувал новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, би можела да го натера досегашното мнозинство во Парламентот да избера нова Влада.

Сепак, според него, таквата Влада предводена од Реформскиот блок ќе биде „премногу нестабилно и исклучително штетно за државата”.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во вторникот му врачи мандатат за формирање нова влада на Бугарија на РБ, што го сочинуваат пет конзервативни и центристички партии.

Понудата до РБ уследи откако претходно двете најголеми партии во земјата – ГЕРБ на актуелниот премиер Бојко Борисов и опозициската БСП на Корнелија Нинова, ги вратија добиените мандати за формирање нова влада на Бугарија.

За разлика од ГЕРБ и БСП, кои веднаш ги вратија мандатите инсистирајќи на предвремени парламентарни избори, РБ најави дека ќе се обиде да формира влада и дека ќе и понуди разговори на партијата на Борисов.

Плевнелиев при доделувањето на мандатот на РБ, изрази задоволство што коалицијата сепак ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство во актуелниот состав на Народното собрание.

– Понекогаш и шанса од еден процент, може да стане стопроцентна шанса, па затоа заслужува да се обидеме. Ова особено ако се имаат предвид рекордниот број кризи што се случуваат околу нас, во регионот и во светот, изјави Плевнелиев.

Доколку РБ не успее да формира нова влада, ќе следи распуштање на бугарското Народно собрание и одржување на предвремени парламентарни избори кон крајот на март или почетокот на април идната година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори