Реџепи: Косово се уште не е безбедно од радикалните групи

Од:

Косово се уште не е безбедно од радикалните групи со екстремистиски религиозен предзнак, а продолжува и истрагата против голем број лица кои им се придружиле, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

Тој најави дека досега се забранети 14 невладини организации осомничени дека финансирале и поддржувале терористички групи.

Косовската полиција минатата недела го уапси приштинскиот имам Шефкет Красниќи и уште 14 лица, меѓу кои лидерот на косовската исламска партија, под обвинение за поврзаност со Исламска држава и врбување на борци од Косово за Сирија.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски