Речиси со безбојна лага во хрватската политика

Од:

Парадоксално, единствен резултат кој не е изненадување по првиот круг на овогодишните претседателски избори во Хрватска е резултатот на третопласираниот Иван Синчиќ. Иако до пред три недели се чинеше аутсајдер за изборната трка, кандидатот на Живиот ѕид е во постоечка констелација на силите со својата младост и пораките против општествените елити, кој веднаш скокна како најпрепознатлив кандидат. И што е најважно, како најартикулиран заговорник на правата на граѓаните во најтешката животна состојба. Ако кампањата потраеше уште ден или два, резултатот на Синчиќ ќе беше уште подобар, но и неговите 16,42 отсто гласови од гласачите е добар доказ дека и во Хрватска може да се очекуваат конкретни изборни резултати на политичките опции кои својата позиција ја темелат на остро спротивставување на политиката на досегашните владејачки структури. Според тоа, неговиот успех не е никаква шарена лага, туку перцепција на се поголемото гласачко тело на реалните можности и на актуелната власт и сите досегашни влади во Хрватска.

Впрочем, не делува ли денес и програмата на владејачката Кукурику коалиција со која таа победи на парламентарните избори во 2011, како шарена лага? И тоа многу поголема од ветувањата на Синчиќ? Исто како и многу изборни програми врз чиј основ се бара довербата на гласачите? И додека Иван Синчиќ барем го прошара хронично сивиот политички простор кој веќе седма година по ред не нуди ефективни решенија како да се излезе од економската и општествената криза, актуелните претседателски избори потврдија дека вистинска победничка е апатијата. До сега најмал апсолутен број излегоа на избори за претседател на Република Хрватска, помалку од милион и 790 илјади, а тоа зборува за тоа дека дури ни соочувањето на секој од нив и персонално и програмски, не ги мотивираше хрватските гласачи преку овие избори да испратат јасна порака, каква политика и политичари сакаат на чело на државата. Зошто? Затоа бидејќи е создаден впечаток дека начелно ништо не се менува независно од промената на власта. Во тоа е смислата на резултатот на Иван Синчиќ како исклучок кој го потврдува правилото и која до полн израз може да дојде на следните избори за пратеници во Хрватското собрание.

Спротивно на очекувањата наместо персонализација на политичките опции, на овие избори дојде до партизирање на самите кандидати. Така Иво Јосиповиќ остана во процентот на гласови кои на европските избори во 2014 ги добија партиите кои го поддржуваа во претседателската трка од СДП и ОРаХ па натаму. Колинда Грабар Китаровиќ доби слична поддршка како и широката коалиција предводена од ХДЗ, на последните избори за членови на Европскиот парламент, а Милан Кујунџиќ речиси ист процент како и неговиот Сојуз за Хрватска на тие избори.

Никој од нив не направи исчекор кон вториот дел на гласачкото тело и не ги повлече своите блокови. Дури, сите по ред добија нешто помалку од нивните политички опции. Притоа, најголем губитник и тоа не само според резултатот, Милан Кујунџиќ на чиј резултат најмногу влијаеше кусата изборна кампања. Наместо продолжеток за влезен тренд од преткампањата и стекнување на политички капитал за парламентарните избори, кандидатот од својата Хрватска зора и коалицискиот Сојуз за Хрватска, појде во низа лични и идеолошки пресметки кои на гласачите од една страна делуваат одбивно, а од друга страна на ниту еден начин не зборуваат за можности за подобрување на нивната животна состојба.

Слична грешка, но на целосно поинаков начин, направи и Иво Јосиповиќ. И додека во 2009 година ефективно поентираше со пораката за праведност како клучен предуслов за било какви промени на подобро, оваа година понуди програма на уставни промени кои се предалеку од секојдневните интереси и проблеми на хрватските граѓани. Покрај тоа, слоганот за вистинскиот пат пред се асоцира на некоја правашка опција, отколку на негова опција што е голема грешка на неговиот тим и во маркетиншка и во комуникациска смисла. За победа и во вториот круг, Иво Јосиповиќ наместо вистински пат мора да понуди пат за најширока соработка и политика на обединување на земјата за излез од кризата.

Во такви околности со пораката за промена на кандидатката на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ постигна максимум. Од една страна главниот нејзин ривал од истото идеолошко милје самиот се запре, а од друга страна актуелниот претседател со товарот од резултатот на владата Зоран Милановиќ и многу помалку надежи од пред пет години, не можеше меѓу нив да оствари поголема разлика од 1,2 отсто. Покрај поддршката на Кујунџиќ и пораката на Синчиќ за потреба за промени, Колинда Грабар Китаровиќ во вториот круг на изборите влегува по опуштено од Иво Јосиповиќ, додека дел од соработниците на Јосиповиќ со многу катастрофални политички оценки во изборната ноќ веднаш треба да побараат некоја друга работа, бидејќи политиката како дејност воопшто не ја разбираат. Не го разбираат тоа ни на спротивната политичка страна, но тие и така немаат што да изгубат и тие моментално не се доживуваат како одговорни за состојбата во земјата.

Тоа многу брзо ќе се промени ако победи Колинда Грабар Китаровиќ, во вториот круг на претседателските избори, а коалицијата на ХДЗ на парламентарните. Но, само со промена на идеологијата и конкретни имиња на власт, а без содржински промени, коалицијата на ХДЗ ја чека судбината на Кукурику коалицијата. Затоа е можно, ако не дојде до поголеми стратешки промени, следните избори за Хрватскиот парламент да бидат многу слични на првиот круг на претседателските. Кукурику коалицијата ќе има две силни опозиции: ХДЗ и таа која ја симболизира Живиот ѕид.

Така системската левица со два блока предводени од коалицијата на СДП и ОРаХ може да смета на 35 до 40 отсто гласови, а обединетиот блок на ХДЗ во себе значително по поволна поделба на земјата на 10 изборни единици, може да смета на неколку проценти повеќе и значително поголем број на пратенички мандати. Синчиќевиот Ѕид притоа може делумно да постигне она што во Италија и Грција го постигнаа партиите на Бепа Грил и Алексис Ципрас. Меѓутоа, за таков успех освен со еден кандидат, треба да се понуди цел тим на луѓе и колку-толку кохерентна програма. Во ситуација кога со тие години се мачат и етаблирани партии во Хрватска и на следните парламентарни избори во Хрватска ќе се зборува за шарени лаги. Но, и за крај на низа безбојни лаги.

Т-портал – Загреб

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари