Разбиена албанска криминална мрежа

Од:

Внимателно координирана полициска акција во 10 земји растури албанска организирана криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа и доведе до апсење на 20 осомничени, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ.

Бандата, позната како Компанија Бело, била една од најактивните европски мрежи за шверц на кокаин, според Европол, кој помогнал да се координираат серија рации на стотици полицајци во вторникот, што доведе до апсења во петгодишната истрага предводена од Италијанци.

Групата е невообичаена во масовната меѓународна трговија со дрога со тоа што го контролирала секој аспект од синџирот на снабдување, од организирање испораки на дрога од Јужна Америка до дистрибуција низ Европа, изјави Јари Лиуку, директор на Центарот за тежок и организиран криминал на Европол.

Бандата дури го втиснувала своето лого и логоата на другите криминални групи за кои увезувала дрога, на пратките кокаин што биле транспортирани во Европа и честопати дистрибуирани во автомобили со скриени оддели за да ја скријат дрогата и недозволената готовина.

За време на петгодишна истрага, уште 84 членови на бандата биле уапсени во Италија, Еквадор, Холандија, Велика Британија, Швајцарија и Германија.

За време на истрагата, полицијата запленила скоро четири тони кокаин и повеќе од 5,5 милиони евра во готово.

Осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога и убиства.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија