Расте бројот на нови случаи на Ковид-19 во Бугарија, Софија пак е жариште

Од:

Бугарскиот главен град Софија е жариште на епидемијата на коронавирусот, а зголемен број на новозаразени е забележан во сите делови од државата, сооопштија здравствените власти.

Во изминатите 24 часа, во Бугарија се тестирани 5.388 лица, потврдени се 210 нови случаи на Ковид-19, а досега се евидентирани вкупно 13.722. 59 од новите случаи се забележани во главниот град.

Во моментов се хоспитализирани 861 пациенти, меѓу кои 763 медицински работници, од кои 64 се на интензивна нега. Бројот на смртни случаи за 24 часа е 12, вкупно 471 жртва на Ковид-19 во Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит