Рамуш Харадинај побара распуштање на косовскиот Парламент и распишување избори

Од:

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска побара распуштање на косовскиот Парламент и оддржување вонредни парламентарни избори, јави Танјуг.

Харадинај, како што  пренесе РТК, го напуштил состанокот на косовските политички лидери со претседателката Атифете Јахјага од кој се очекуваше изнаоѓање решение за политичката криза во која Косово се наоѓа речиси половина година.

Лидерот на Алијансата на новинарите потоа им кажа дека обединетата косовска опозиција бара народот директно да го избира косовскиот претседател, а не како досега – тоа да го прави Парламентот.

– Постои недостиг од инвестиции, а владеењето на правото е исклучително политизирано и нашата надворешна политика е неуспешна. На земјата и се потребни предвремени избори и претседателот мора да биде директно избиран од народот, смета Харадинај.

Тој, исто така, порача дека опозицискиот блок останува обединет и дека, како што претходно е најавено, протестите ќе се одржат на 17 февруари.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски