Рама за иранската опозиција: Тие се тука од хуманитарни, а не од политички причини

Од:

Премиерот Еди Рама изјави дека „заедницата на Иранци во животна опасност“ е засолнета во Албанија и тие се тука од хуманитарни а не од политички причини.

Рама во телевизиско интервју рече дека на оваа заедница и било јасно кажано дека „мора да се однесува во рамки на договорот“.

-Ова е процес на дијалог и чекор по чекор верувам дека ќе се придржуваат во рамки на договорот, додал тој, пренесуваат албанските медиуми.

Според него стратешкиот сојуз со САД, заедно со членството во НАТО не подразбира само да се добива нешто туку дека земјата треба да направи нешто за да биде корисна.

-Не можеме да бидеме само потрошувачи на целиот овој однос, туку мора да бидеме и придонесувачи. Не сите работи што треба да ги правиме се за забава и носат задоволство. Ние сме народ кој го почувствувал гостопримството од отворените врати на другите. Ни прави голема чест кога го правиме тоа за другите. Ако има златна страница во нашата историја, не за Албанија, туку за Европа и цивилизираниот свет, тоа е страницата што ја напишале нашите предци за спас на Евреите во Албанија, додаде тој.

Зборувајќи за кибер-нападите, премиерот рече дека не ја постигнале целта.

-Хакерите имаат информации кои секој може многу лесно да ги добие. Ако тие пари не беа добро потрошени, ќе изгубивме се, но Агенцијата за информатичко општество се покажа како одлична. Ние работиме многу тесно со сојузниците за да го забрзаме нашиот план за кибер-одбрана. Неодамнешната закана веднаш ја разгледавме и со сојузниците. Албанија е земја на НАТО и ова е многу силна причина да бидеме многу безбедни како земја на НАТО“, рече тој.

Додаде дека шесте вооружени беспилотни летала што ќе бидат набавени од Турција се потребни за борба против криминалот, заштита на животната средина, пожари, земјоделство, дивоградби, зачувување на сите природни ресурси, но „потребни се и во други случаи ако има потреба“.

Иран деновиве се закани дека поседува дрон што може да го погоди кампот „Ашаф“ во Мензе кај Драч, каде се сместени над 3 илјади муџахедини.

Тие редовно објавуваат податоци од полицските системи а во дел од објавени видеа од полицискиот систем на камери во Тирана, Пешкопеја, меѓународниот аеродром како и од граничните премини стои пораката: „Кога безбедноста на терористите во Драч (МЕК) е поважна од безбедноста на вашиот народ, …“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел