Рама приватно ќе го пречека Милановиќ, неговиот поранешен советник

Од:

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во наредните два дена ќе престојува во приватна посета на Албанија, по лична покана на премиерот Еди Рама, јавува МИА.

Педесет и шестгодишниот Милановиќ, кој ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 годна, подолг период беше еден од советниците на премиерот Рама.

Ова го потврди лично Рама на заедничката прес-конференција во Тирана, одржана на почетокот на ноември 2017 година, со тогашниот еврокомесар за соседска политика и пристапни преговори,Јоханес Хан.

– Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што никогаш не е доцна кога дава совет, одговори тогаш Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.

За време на предизборното соочување со неговата противкандидатка Колинда Грабар Китаровиќ во јануари годинава, Милановиќ рече дека имал пријателство со Рама, но дека не работел за него.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби