Рама упорен да ги истурка уставните измени, наспроти препораките од Брисел

Од:

Отфрлајќи ги сите препораки и предупредувања на странците, албанскиот премиер Еди Рама категорично кажа дека не се откажува од гласањето за уставните измени на 30 јули, со кои се укинуваат изборните коалиции.

На денешната пленарна седница, од собраниската говорница, Рама го расчисти овој факт, велејќи дека „никој не треба да се заморува, затоа што уставните измени ќе се изгласаат“.

-На 30 јули, ќе гласаме, ниту повеќе, ниту помалку од тоа што го договоривме: Изборните листи ќе се отворат а коалициите ќе се укинат како и насекаде во Европа. Ние гласавме овде за договорот од петти јуни. Оние што велат дека 30 јули го крши овој договор, не знаат за што зборуваат, затоа што овој договор не е блокирање на членовите кои треба да се рефлектираат по уставните измени,рече Рама.

Додаде дека договорот од петти јуни има основа, содржина, изборна администрација, финансирање на партиите и сите тие не се засегнати и ќе бидат направени како што се договориле.

-Секако по гласањето на овој документ секој има право да дискутира. Затоа, повторно апелирам до Демократската партија и целата група надвор од парламентот да не се заморуваат со противење на 30 јули. 30 јули е завршена работа, порача Рама.

Тој го искритикува претседател, Илир Мета, кој се изјасни дека поддржува целосно отворени изборни листи,што е предлог на обединетата опозиција и оти е протв уставни измени, зашто, според него, тоа е единствен начин да се врати парламентаризмот во земјата, па Рама му порача дека „нема никакво право врз одлуката на Парламентот за уставни измени,туку дека треба да се покори на тоа“.

Кристијан Шмит, една од водечките фигури на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, како и известувач за Албанија во парламентарната група ЦДУ/ЦСУ го предупреди албанскиот премиер Еди Рама да не презема еднострани активности со промена на Уставот и укинување на правото на предизборни коалиции без согласност на вонпарламентарната опозиција.

Претходно и Јохан Вадефул, еден од водечките фигури на Германија, јасно стави до знаење дека секоја еднострана промена на Уставот во однос на изборите и предизборните коалиции ќе има последици за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и САД, исто така, ја повикаа владата да не се обидува на уставни измени без вклучување и консензус на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент