Рама соопшти седум мерки од социјалниот пакет

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, објави дека е донесен социјален пакет од седум мерки велејќи дека „ова е владата која во тешки денови никогаш не ги остава сами оние на кои им е потребна заштита“.

На граѓаните им посака недела со помалку стрес од несаканите последици од војната која „ниту ја почнавме, ниту можеме да ја прекинеме“.

„Добро утро со седумте мерки од Пакетот за социјален отпор, што и овој пат сами по себе зборуваат дека ова е власт која никогаш не ги остава сами во тешки денови оние на кои им е потребна заштита. Ви посакувам недела со помал стрес од последиците од војната која ниту ја почнавме, ниту можеме да ја запреме, но со која дефинитивно ќе се соочиме со силата на нашиот карактер и солидарноста еден кон друг“, напиша Рама.

Со пакетот мерки меѓу другото се предвидува 3,3 милијарди лека за индексирање на пензиите (673.542 корисника), парична помош во износ од по 3.000 лека за три месеци за компензација на зголемените цени од потрошувачката кошничка (576.000 корсници), 1,45 милијарди лека поддршка за земјоделците со нафта без данок.

Од април се укинува данок на плати до 40 илјади лека, намалување за 50 отсто на данокот на платите над 50 илјади лека, како и намалување на данокот на плата од 150-200 илјад лека. Исто така од април минималната плата намето 245 ќе изнесува 262 евра.

Во земјата пет дена се одржуваат протести во знак на незадоволство од поскапувањата на прехрамбените и други производи, а по почетокот на истите претседателот Илир Мета, побара од владата да ја намали цената на горивата и да одобри пакет економски мерки за заштита на ранливата категорија граѓани, додавајќи дека „албанската влада под итно треба да го следи примерот на Грција, Северна Македонија, Косово и Хрватска“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето