Рама: Сателитите во орбитата ќе служат Албанија да има целосна контрола врз територијата

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, кој вчера најави дека Албанија следната година ќе испрати два сателита во орбитата, именувани како „Албанија 1“ и „Албанија 2“, денеска објасни дека тие, акко и интелигентните беспилотни летала, ќе помогнат да се има целосна контрола врз целата територија на земјата.

-Бидете трпеливи, смејте се затоа што тоа е здраво и ви прави добро. Албанија ќе има сателити и тоа многу наскоро за да ја зајакне контролата на целата територија. Не само сателити, туку и интелигентни беспилотни летала за да ја одведат земјата на друго ниво во однос на администрирањето на територијата. Ова се алатки на новата технологија што гарантираат набљудување на територијата, од границите, до изведбата на градби, мониторинг поврзан со информациите потребни од структурите за борба против трговијата со луѓе, со цел целосно да се изолира трговијата со дрога, објасни Рама.

Додаде дека ќе се користат во борбата против организираниот криминал и за да ги „олесни односите што се развиваат на територијата и честопати се компромитирани од корумпирани инспектори и полицајци“.

-Другите развиени земји го прават ова, доброто на ова време не треба да се биде развиена земја за да располага со вакви алатки. Албанија наскоро ќе има сателити и беспилотни летала со што ќе ја зголеми контролата на територијата во сите аспекти, за пожари, за цивилни итни случаи. Употребата на овие алатки ќе биде за прашања поврзани со граѓанските работи во земјата и борбата против организираниот криминал, нема да биде за воени дејствија или офанзива, посочи Рама по денешната седница на претседателството на неговата Социјалистичка партија.

Неговата најава за сателити на вчерашната пленарна седница на параментот наиде на потсмев од опозицијата, но тој продолжи да зборува понатаму, игнорирајќи ги.

-Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Ќе ги видите сателитите „Албанија“ во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат „Албанија 1„“ и „Албанија 2“, рече Рама, не наведувајќи други детали.

Доколку ова се реализира, според медиумите, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рама пречекан со тапани на пуштањето во употреба на „Патот на Арбр“ кој ги поврзува албанска Пешкопеја со Дебар

А1он

Заедничката седница на владите на Албанија и Косово

Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини

А1он

Албанија се задолжи со 650 милиони евра преку еврообврзница

А1он

Албанија годинава со рекорден историски увоз на електрична енергија од 213 милиони евра

А1он

Земјотресот во Албанија почувствуван во западните делови од државава

А1он