Рама побара од ЕУ да не го повторува срамното однесување кон Западен Балкан

Од:

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Белград побара од Европската Унија да не го повтори срамното однесување кон Западен Балкан во однос на енергетската криза, како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот, кога земјите од регионот беа принудени да се обратат до Русија, Кина и Турција за помош

Според Рама, ЕУ во таа ситуација била затворена и „гледала исклучиво кон ѕидините на својот замок“, пренесува весникот „Данас“.

Рама изјави дека Тирана, Белград и Скопје ќе побараат од ЕУ дополнителна финансиска поддршка, што за Албанија би значело 500 милиони евра наменети за континуирано снабдување со електрична енергија и одржување на енергетскиот систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7