Рама: Односите меѓу Србија и Албанија не биле никогаш подобри

Од:

Односите меѓу Албанија и Србија не биле никогаш подобри, бидејќи денес не само што разговараме по 70 години молчење, туку постигнуваме и напредок, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Тој во изјава за Б92 истакна дека на Србија гледа со многу симпатии и ги цени напорите кои српскиот премиер Александар Вучиќ ги вложува за „конечно да се отстранат наследствата и анимозитетите од минатото и конечно да се тргне напред“.

Рама порача дека сите треба да разберат „колку и е подобро да другата земја, толку ќе им биде подобро и на останатите во регионот“.

– Треба да извлечеме вистински поуки од историјата и да сфатиме дека е време да направиме се за да бидеме меѓусебно среќни. Тоа важи и за Србите на Косово, и за Албанците во Србија, и за сите, додаде албанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски