Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е неизбежно

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го повтори својот став за обединување на Албанија и Косово, кој претходно предизвика реакции на Белград, но и на меѓународната заедница.

– Реков дека обединувањето е нешто неизбежно и неспорно и тоа ќе се случи на патот кон Европа, изјави Рама во интервју за телевизијата Скај Њуз Арабија.

Рама и овој пат повтори дека ако обединувањето на Албанија и Косово не се случи во рамките не ЕУ, тогаш тоа може да се случи на друг начин.

– Другиот начин е можен доколку Европа не се вмеша во стратешките калкулации на балканските држави и во промена на изгледот на Блакнот, јрече Рама.

Како што јави Танјуг, слична изјава за обединување на Албанија и Косово Рама даде и при неодманешното заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за телевизијата Клан Косова.

Рама тогаш рече дека Албанија и Косово ќе се обединат на „класичен начин“, доколку ЕУ не го отвори патот за евроинтеграција на Приштина и за визна либерализација.

– Обединувањето на Албанија и Косово има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ, рече Рама за Клан Косова.

Властите во Белград жестоко реагираа на ваквата изјава, а српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш им порача дека  Рама и Тачи дека „нема да го исполнат сонот за обединување на Албанија и Косово, без разлика кој и да ги поддржува во тоа“.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река