Рама го повика Баша да седнат на маса поради состојбата во земјата, тој му возврати дека не е време за политички маневри

Од:

Албанскиот премиер и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама преку Твитер ја повика опозицијата „ без да губат време да седнат на маса и да ги соопшти нејзините идеи поврзани со катастрофалниот земјотрес“.

– Апелирам до опозициските сили да седнеме на маса за да ги слушнеме нивните конкретни идеи и предлози. Во овие вонредни околности потребна е позитивната енергија за оние кои за жал изгубија се и за целиот народ кој заслужува психолошка нега. Љуљзим Баша (лидер на најголемата опозициска сила,Демократската партија) време е за конкретно единство. Ајде да седнеме за Албанците и да им дадеме порака на смиреност, трпеливост, безбедност дека никој нема да биде сам во оваа борба за опстанок. Подготвен сум!За луѓето! напиша Рама.

Баша вечерва при посетата на настраданите од земјотресот во Шкозен запрашан за повикот на Рама, рече дека „сега не е време ниту за политика, ниту за пропаганда“.

– Целата наша енергија сега е да бидеме блиску до луѓето и да помогнеме колку што е можно повеќе, бевме до сега блиску до нив, ова е наш приоритет сега. Не е време за политика, на луѓето им треба засолниште, храна, безбедност… Сега не е време ниту за политика ниту пак за пропаганда и оти тоа е она што треба да го направи секој, изјави Баша.

Тој му порача на Рама и дека „денеска немаме време ниту за политички маневри, ниту за пропаганда.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија