Рама: Ги презедовме сите мерки за справување со пандемијата, а опозицијата нема да дојде на власт како сојузник на коронавирусот

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниска говорница рече дека Албанија ги презела сите потребни мерки за справување со Ковид-19,отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека Владата соодветно не се справува со пандемијата.

-Ништо не ни недостасува во споредба со другите. Околу оваа болест нема ништо надвор од Албанија, а што го нема во Албанија. Ниту посебен медицински протокол, ниту посебена апаратура, посочи Рама.

Додаде дека владата е подготвена за најлошото што може да се случи.

-Денес имаме слободни капацитети во третата ковид болница, а празна е уште една болница која е за полоши денови. И ковид центрите во регионалните болници се подготвени во случај капацитетите во четирите ковид болници да се пополнат, но до денес за тоа нема потреба, изјави Рама.

Тој и во ова прилика не заборави да упати обвинувања кон опозицијата велејќи дека „опозицијата не може да дојде во влада имајќи го за сојузник коронаврусот“.

-Денес во нашиот регион ние сме со најлесните параметри од психолошка гледна точка. Сведоци сме на обременување на народот со целосен немир што одекнува од моструозните сништа на оние кои го напуштија парламентот со идеја дека ќе ја преземат власта преку непознати антидемократски начини. Нивните сништа дека Ковид-19 сега ќе го стори она што не успеаја да го направат, да предизвикаат крајно екстремен очај кај Албанците и да го претворат во генератор на војна против владата е ехо што ја покажува само хроничната ментална мрзеливост на оние што мислат дека можат да дојдат до власт, користејќи го опасниот вирус како сојузник. Ова нема да се случи и нема како да се случи, и порача Рама на опозицијата.

На пленарната седница на која на дневен ред е Предлог – буџетот за 2021 година, Рама најави дека буџетот за здравството ќе биде наголем во последните 30 годни.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски