Радуновиќ: Црна Гора не и’ даде поени на Русија на Евровизија поради политички причини

Од:

Претседателот на Одборот за европска интеграција и пратеникот на Демократскиот фронт Славен Радуновиќ го оптужи црногорското жири за местење на резултатите од гласањето на Евровизија. Според него, Црна Гора не и даде на Русија ниту еден поен поради политички причини.

– На сајтот www.eurovision.tv транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија доби најмногу гласови од црногорската публика, но жири комисијата успеа да ги корегира гледачите за ДПС да не се посрамоти пред пријателот – вели Раруновиќ.

Според правилата на Евровизија, гледачите и стручното жири одлучуваат за гласовите на секоја држава поединечно.

glasanjeEurovizija2014

– Навистина не мислев дека ќе се занимавам со Евровизија. Додека траеше финалето, ниту ги гледав сите песни. Сергеј Четковиќ беше одличен. Но, како некој кој е свесен до колкава мера е се’ политички контролирано во ова општество – до изопаченост, веднаш се посомневав во резултатите кои ги соопшти црногорското жири – вели Радуновиќ.

 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора