Радев ќе донесе указ со кој ќе му предложи на Парламентот да гласа за кандидатурата на Николај Габровски за премиер

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе објави указ со кој ќе му предложи на Парламентот да гласа за кандидатурата на Николај Габровски за премиер. Тоа го соопшти шефот на државата откако кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС го достави списокот со кандидати за министри за формирање влада, јави БТА.

Влада со тројца вицепремиери предлага кандидатот за премиер, Габровски – сите три вицепремиерски позиции ќе ги заземат жени кои се веќе познати во политиката во Бугарија.

За вантрешни работи тој ја предлага Благородна Христева Најденова, до дека за министер за надворешни работи Драгомир Василев Заков поранешен бугарски амабсадор во НАТО. Тој беше министер за одбрана во владата на Кирил Петков.

Атанас Запрајанов е предложен за министер за одбрана додека Мартин Дановски – министер за економија, а Маринела Петрова за министерка за финансии која во три мандати била заменик министер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори