Пусиќ: Србија да се огради од Шешељ и да го продолжи патот кон ЕУ

Од:

Министерот за надворешни и европски работи на Хрватска Весна Пусиќ синоќа изјави дека властите во Србија со оградувањето од она што го зборува лидерот на радикалите Воислав Шешељ би придонела кон добрите односи во регионот и му порача на српскиот државен врв да го продолжи европскиот пат по кој оди целиот регион.

– На сите во Хрватска ни е јасно дека српските власти не го ослободија Шешељ привремено од хашкиот притвор, но исто така, на секој рационален политичар му е јасно дека со неколку реченици во кои секоја власт, во случајов онаа во Србија, се оградува од она што го зборува Шешељ ќе придонесе кон добрите односи во регионот и ќе го поправи она што таквата воено-потикнувачка реторика во разбранува во општеството, изјави Пусиќ за телевизијата РТЛ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија