Пусиќ: Македонија и Србија заслужуваат датум за преговори

Од:

Потпретседателката на хрватската влада и министерка за надворешни и европски прашања Весна Пусиќ изјави дека Македонија и Србија треба да добијат датум за почеток на разговорите за влез во Европската унија, додека Косово да ги започне преговорите за Договорот за асоцијација и стабилизација.

– Во минатото државите од регионот гледаа на ЕУ како бегство од Балканот. Но, денес членството нуди можност сите земји да преземат одговорност за сопствената стабилност и иднина – рече Пусиќ на Конференцијата за европските интеграции на Западен Балкан во Даблин.

Таа додава дека преговарачкиот процес не е важен за добивање полноправно членство во ЕУ, туку за градење на силни институции и реформи во државите.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик