Пуштен од притвор и вториот косовски пратеник обвинет за закана врз обвинител

Од:

Апелацискиот суд во Приштина попладнево одлучи да му ја замени мерката притвор во траење од 30 дена со куќен притвор на пратеникот во косовското Собрание, Шкумбин Демалиај, обвинет за закани врз специјален обвинител, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за пуштањето во домашен притвор на Демалијај во изјава за медиумите ја потврди неговиот адвокат Арианит Коци, кој најави дека ќе побара укинување и на секоја друга мерка изречена на неговиот клиент.

Демалиај, кој е пратеник од редовите Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај, во телевизиско интервју му се закани на специјалниот обвинител Риза Бљакај, кој го водеше случајот со лажните воени ветерани и кој, како што објави, поради притисоци од политиката поднесе оставка и отпатува во САД.

Истата одлука како за Демалиај, приштинска Апелација вчера ја донесе и за другиот косовски пратеник, Миљаим Зека, обвинет исто така за закана, но кон друг обвинител од косовското Специјално обвинителство.

Зека, кој е пратеник на исто така владејачката Иницијатива за Косово (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лимај, е обвинет од Основното обвинителство заради закани врз специјалниот обвинител Африм Шефкиу, кој води случај во кој пратеникот се сомничи за измама на над 900 граѓани со работни визи за Германија, кои ги оштетил со вкупно околу 350 илјади евра.

Зека во интервју за телевизијата Т7 рече дека е повреден поради обвининието и дека лично ќе ги расчисти сметките со Шефкиу, „според канонот на Лека Дукаѓини“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов