Пукање во Подгорица: Има мртви

Од:

Огнено оружје е употребено во Подгорица, а според последните информации, едно лице е убиено.

„Денес околу 13:30 часот во Подгорица, огнено оружје е употребено од засега непознато лице, на штета на И.Н. Тој во оваа прилика претрпел тешки телесни повреди и прима медицинска помош“, се наведува во соопштението на Полициската управа на Црна Гора.

Недолго потоа, црногорските медиуми објавија дека ранетиот И.Н. им подлегнал на повредите.

Еден од соговорниците на Вијести рекол дека ранетиот маж е истото лице кое неодамна беше застрелано во Сити квартот во Подгорица.

Според Вијеста, И.Н. бил ранет во пукотница во бар во населбата Сити кварт во мај оваа година. Три дена по пукањето, полицијата објави дека расветлила обид за убиство, а осомничени се Т. М. (21) и А. Р. (22).

Според полициските податоци, И.Н. е близок до Кавачкиот криминален клан.

Би можело да ве интересира

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода