Прво обвинение на хрватското Обвинителство против Хрват за злосторство во акцијата „Бура“

Од:

Жупаниското јавно обвинителство во Риека денеска покрена обвинение против некогашниот припадник на хрватските вооружени сили Рајко Кричковиќ поради убиство на тројца членови од српското семејство Совиљ во селото Кијане во 1995 година, за време на акцијата „Бура“.

Ова е прво обвинение на хрватското Обвинителство против припадник на вооружените сили на Хрватска за извршени злосторства за време на „Бура“, а до него дошло во соработка со Обвинителството за воени злосторства на Србија, врз основа на договорот за размена на податоци и докази.

Кричковиќ е обвинет за кривично дело воено злосторство против цивилно население.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари