Првиот албански полицаец ги демантира наводите на РАИ3 и ги нарекува „мижи лажи“

Од:

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши, ги демантира тврдењата изнесени во емисијата „Наркотика“ на РАИ3, дека една третина од територијата на Албанија е засадена со марихуана, но и дека зајкнува на албанската мафија во меѓународната трговија со тешки дроги, нарекувајќи ја емисијата „мижи лажи“ и дел „од епидемијата на лажни вести“.

Преку својата Фејсбук страница, Леши пишува дека некои стории од минатото, како што е Лазарат, овој „автентичен бренд на Демократската партија“ или други минати епизоди (измешани во сензационална ТВ салата без ни една документирана вредност, но со единствена намера за публиката заинтересирана за шоуа) ја инспирираше распадната вонпарламентарна опозиција.

Леши ја обвинува опозицијата дека земала „замав на еден летен дожд“ за да ги обвини Државната полиција и Владата за „калта со која ја извалкаа земјата кога беа на власт“.

Но, вистината, според него, е сосема различна од „телевизиската мижи лажи“ продготвена од луѓе кои се далеку од тоа да ја заслужат нашата почит кон италијанскиот јавен канал.

-Благодарение на блиската соработка со италијанските партнери, борбата против канабисот како феномен е победа за албанската држава! Резултатите во оваа област, потврдени со специјализираниот мониторинг на италијанските партнери, се добро познати и признати.Одгледувањето или количините канабис со потекло од Албанија, запленети од соседните земји, паднаа на историски минимум. Следењето од воздух продолжува интензивно, потврдувајќи ги одличните постигнувања на нашите напори. Во меѓувреме, ударите на копно и на море од страна на државната полиција и агенциите за спроведување на законот се постојани и обесхрабрувачки за криминалот, рече министерот.

Додаде и дека криминалните мрежи и организациите кои работат на терен се силно погодени од сите аспекти, вклучително и финансиските.

-Феноменот „канабис“сега е приказна од минатото и борбата против него победнички облог на ова мнозинство. Сите бројки го докажуваат овој факт. За среќа, италијанските власти многу добро ја знаат вистината за борбата против канабисот и одличната полициска соработка меѓу двете држави. Тие зборуваа на сите нивоа за ова и верувам дека ќе зборуваат дури и по овој извештај на РАИ3 – несреќа што е достојна да ја илустрира епидемијата на „лажни вести“ пишува тој.

Во емисијата на РАИ3, Обвинителот од италијанскиот оддел за борба против мафијата, Никола Гратери тврди дека една третина од територијата на Албанија е засадена со канабис и оти само во една акција во Отранто биле запаленти 9 тони канабис.

Италијанскиот обвинител во Албанија, Франческо Мандои пак тврди дека спречена е намерата на албанската мафија,која станува се помоќна,напуштената база Порто Палермо, на југот на албанското крајбрежје,да ја стави во функција и со подморница да шверцува кокаин од Латинска Америка во Албанија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија