Протестно возење на северот на Косово

Од:

Србите од Косовска Митровица, со неколку десетици возила тргнаа на протест против одлуката на косовските власти за забрана на движење на возилата кои имаат таблички со ознаки на градови на Косово, издадени во Србија.

Одлуката се применува од денес.

Се планира да се знак на протест , колоната од возила да стигнат до административните премини Јариње и Брњак и да го предадат протестно писмо на претставниците на ЕУЛЕКС и КФОР.

Во писмото се изразува протест против забраната на регистарски таблички од Србија и се повикува на почитување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нёции.

Писмото, исто така, ќе биде испратено и во мисијата на УНМИК и до српските власти.

Новинарите од местото на настанот објавија дека во Јариње и Брњак се присутни ЕУЛЕКС офицери и има зголеменото присуство на КФОР војници во полна воена опрема подготвени за разбивање на демонстрации, јавија српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски