Протестираат хрватските фармери, поради млекото

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Земјоделци од Бродско-посавската жупанија, од Хрватска протестираа поради одлуката на компанијата „Дукат“ и „Мегле“, привремено да престане откупот на млекото од 180 фарми.

Доколку не се престане со уништување на производството на млеко, ќе следат масовни протести од 4-ти март, порача толпата луѓе.

На улиците, како што пренесуваат медиумите, граѓаните излегле со околу 40 трактори, кои ги паркирале покрај патот во Велика Копаница и Лужани, но не го блокирале сообраќајот.

Тие со продажбата на млекото не можеа да живеат, а доколку сега десет или петнаесет дена нема на кого да го продадат, кравите ќе нема што да јадат и ќе треба да ги пратат во кланици – изјави претседателот на хрватската земјоделска комора, Мато Брлошиќ.

Земјоделците на тричасовниот мировен протест порачаа доколку не прекине застојот на домашното производство, ќе следат протести.

Хрватскиот сојуз на земјоделци, во отворено писмо побара оставка од ресорниот министер, Тихомир Јаковин, а и побара да се преземат сите мерки за да производителите можат повторно да го испорачуваат млекото, а потрошувачите да бидат сигурни во неговиот квалитет.

„Дукат“ и „Мегле“ во петокот објавија дека поради зголемената концетрација на афлатоксинот во млекото, привремено ќе го прекинат откупот на свежото сирово млеко од 180 фарми во источна Хрватска.

Најавија дека откупот ќе продолжи кога фармите ќе можат да испорачуваат исправно млеко.

Одлуката на „Дукат“ ја осуди министерството за земјоделство во Хрватска, а министерот Јаковина изјави дека од млечната индустрија не им јавиле за резултатите од анализите, ниту пак за своите одлуки.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик