Протести во знак на подршка на Албанците во Македонија доцна попладнево беа одржани во Тирана и северниот албански град Скадар, кои беа најавени преку социјалните мрежи. „Скопје, срцето на Албанија“ „Еден народ еден сон“ се само некои од напишаните и извикувани пароли.
На протестот во Тирана, одржан пред објектот „Пирамида“ присуствувл и европскиот шампион во бокс Нури Сефери, кого го нарекуваат „Албански Тајсон“. Тој посочил дека Албанците се мирен народ и не прдизвикуваат омраза и оти треба да му се стави крај на насилството врз Албанците.
– Упатувам апел до Македонија да престанат малтетирањата кои му ги прави на албанскиот народ. Не не предизвикувајте, бидејќи албанскиот народ го сочинуваат 10 милиони обединети Албанци. Веднаш ќе се соберат, нема да седат со скрстени раце. Ние сме мирољубив народ, но доколку не прдизвикаат ќе бидеме принудени да делуваме, истакнал Сефери.
Тој побарал од властите во Албанија и Косово, како и од меѓународниот фактор да реагираат.
Медумите на албански јазик во Македонија, пренесувајќи снимка од простетот во Тетово го посочија Сефери дека е лицето кое „професионално“ удрило полицаец. Тој самиот најави дека од Швајцарија, каде што живее, ќе дојде да протестира, а подоцна демантираше дека бил во Тетово.