Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Од:

Министрите за правда на Владите на Северна Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат и за ова прашање, изјави косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Курти, на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев, рече дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети, кои имале засебни и тешки процеси“.

– Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои се уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината, изјави Курти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Осветен храмот на Смилковското Езеро

А1он

Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско Eзеро

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов