Протести во Бугарија за оставка на Владата

Од:

Илјадници Бугари протестираа синоќа во Софија, трет ден по ред, барајќи оставка на Владата што стапи на должност пред две недели, како и одржување нови парламентарни избори.

Демонстрантите пред зградата на Владата во центарот на Софија, која беше опколена со метални огради и заштитувана од полицијата, скандираа „Оставка, оставка“ и „Избори сега“.

sofia=protest16ju

Протестите продолжија и покрај тоа што бугарскиот премиерот Пламен Орешарски во саботата вети дека Парламентот ќе го поништи изборот на Дељан Пеевски, кој е обвинуван за корупција, за шеф на националната агенција за безбедност, .

Довербата на бугарските граѓани во новата Влада се намали, откако неколкумина предложени членови на Кабинетот на Орешарски беа обвинети во медиумите дека имаат сомнителни бизнис врски.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори