Протести против приватизацијата во Грција

Од:

Градскиот превоз во Атина денеска повторно е блокиран, откако вработените во транспортниот јавен сектор ја прекинаа работа до утре во 10 часот по локално време (9 часот по средноевропско време), поради што нема да сообраќаат метрото и трамваите во грчкиот главен град.

Транспортните работници протестираат против приватизацијата на градскиот транспорт и против задоцнувањето на потпишувањето нови колективни договори.

Вработените во градските јавни претпријатија планираат да запрат со работа на 15 и 17 јуни, бидејќи одделните синдикати протестираат против одлуката на Владата за распроджба на градскиот транспорт, по барање на меѓународните кредитори.

Пристанишните работници се исто така погодени од оваа одлука, поради приватизацијата на двете најголеми пристаништа во Грција – оние во Пиреја и Солун.

Представниците на меѓународните поморски компании кои трпат штети поради штрајкот, апелират на прекин на протестите.

Во рамките на третиот пакет за спас на Грција, властите договорија со кредиторите создавање нов приватизациски фонд, кој во наредните 30 години треба да акумулира државни средства вредни 50 милијарди евра. 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески