Протестен марш по повод инаугурацијата на Филип Вујановиќ за претседател на Црна Гора

Од:

Со протестна прошетка од Подгорице до Цетиње, на 20 мај, на денот на инаугурацијата на новоизабраниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, група граѓани ќе го изразат своето назадоволство по повод неговиот реизбор.

Вујановиќ повторно беше избран за претседетел на Црна Гора на изборите на 7 април, а неговата инаугурација е закажана на Цетиње, на 20 мај, кога на свечена седница во Владиниот дом, како што е предвидено со Уставот на Црна Гора, пред пратениците ќе положи заклетва и ќе го преземе новиот петгодишен мандат, пренесе агенцијата Анадолија.

Главниот организатор на маршот на Цетиње, слободниот новинар Марко Милачиќ, за агенцијата Анадолија изјави дека на Црна Гора за промена и е потребна жртва и личен пример.

Милачиќ напомена дека на инаугурацијата, на која ќе присуствува целиот дипломатски кор, како и домашни и странски медиуми, на премиерот Мило Ѓукановиќ и на претседателот Филип Вујановиќ ќе им подготви изненадување.

-Формиравме штабови, за Никшиќ и Цетиње, оформивме и организациски одбор, сочинет од шеснаесет млади луѓе од различни национални и верски определувања, рече Милачиќ, и додаде дека на патот до Цетиње ќе постојат седум точки за застанување, што ќе имаат своја симболика, на кои јавните личности ќе одржат говори.

Маршот, според него, ќе биде дел од создавањето историја на ненасилна демократска борба за човекови права и слобода.

-Ќе маршираме рамо до рамо со слободомислечки луѓе што е чест која ја заслужува секој граѓанин кој не сака да ја наведне главата, рече Милачиќ.

Групата на слободни граѓани, која одлучи на денот на инаугурацијата на претседателот на Цетиње да го искаже своето незадоволство и граѓански бунт во вид на марш, симболично ќе го носи името „Марш против мафијата, марш за слободата“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора